Одлични, незаборавни, безвременски… за пријатна саботна вечер!

Една од најважните компоненти,  како предуслов за постигнување на што подобри резултати во напредувањето во училиште  секако е помошта на родителот на своето дете.  Во врска со ова:

Секој ден најдете време да поразговарате со детето за тоа,  како поминало на училиште и покажете жив интерес за тоа што учело;

Проверувајте редовно, дали ги извршува обврските во врска со учењето и не карајте го веднаш ако нешто не му е јасно. Не решавајте ги задачите место него. Поттикнете го самото да наоѓа решенија. Не бидете нестрпливи и дајте му време да учи но и да научи;

Помогнете му да си поставува цели за тоа што и како треба да научи. Учете го реално да се самооценува, за она што го постигнало;

Пофалувајте го за она што добро го направило. Учењето треба да е радост заради новите знаења а не измачување;

Редовно разговарајте со наставниците за учењето на Вашето дете и договорете се како можете да му помогнете.

Slika za post od net

Секако за максимални резултати, од тој триаголник: наставник – родител – дете, секој наставник треба да се раководи од следните ПРИНЦИПИ при оценувањето:

Оценувањето пред се има за цел да ги  подобри постигнувањата кај децата;

Оценувањето треба да обезбеди целосни информации за постигнувањата на детето;

Оценувањето е составен дел на наставниот процес (на учењето и поучувањето);

Оценувањето секако се базира на користење на повеќе различни методи;

Оценувањето е континуиран процес;

Оценувањето е праведно;

Оценувањето е транспарентно;

И за крај – на оценувањето треба да се верува.

Кога би се почитувале овие елементарни основи во воспитно – образовниот процес (на училиште и дома), верувајте резултатите би биле брзи и евидентни.

На сите ученичиња им посакувам голем успех до крајот на училишната година,  и на родителите исто така.

Slika za post Негде прочитав дека Christiane Amanpour,      новинарка во CNN, и била идол на новинаркава од А1. Од Amanpour,  до нашава Секуловска – како „од Бог до шеширџија“, како и од CNN до А1 се разбира… Amanpour ја имам гледано како дава известување од најкризните подрачја по светот. Секуловска очгледно е во филм дека е некаков новинар, овде на нашиве простори. Ако е така, каде беше да излезе во 2001, па даде известување од случувањата на Љуботен, или не дај боже Вејце, Карпалак, и да не ги набројувам местата по Шар  Планина, Кумановско – Липковски крај,  Скопска Црна гора и тн. За такво новинарство треба пред се знаење, професионализам и многу храброст. Секуловска, не  исполнува ниту еден од овие три предуслови. Amanpour е за жал, многу далеку од неа. Речиси е недостижна.

Slika za post 1

Amanpour има иранско потекло, и како пола иранка по татко, нормално да ги има застапувано инетересите на муслиманските жртви во разни војни – (има доста репортажи од војната во Босна, за кои и е дури замерено за пристрасност). Билјана Секуловска има македонско име и презиме а е очајна за ситуацијава на албанциве во Македонија. Се прашувам дали Секуловска е етничка македонка или …???

Ова е инаку мој прв пост на новава платформа, и во Новава година. Почнав критички расположена па ќе видиме понатаму. Поздрав до сите на блогосвера.

Надворешен изглед:

- Вашата целосна појава – прв впечаток за Вас како личност;

- Начин на поздравување, срдечност во ракувањето со секого поединечно;

- Бон – тон, уважување на соговорникот спрема полот, возраста, статусот;

- Отвореност и непосредност во однесувањето;

- Начин на облекување ( деловен или секојдневен изглед);

- Детали со облеката – да или не?!

- Фризуричка, парфем…

-  Пушење, мастики за џвакање…

- Сакате ли да бидете попривлечни? Улогата на насмевката…

Јас би вовела закон, затоа што  за некои, погоре наведеното е нешто, што никогаш нема ниту да го научат во животов ниту да го прифатат.  Не само за dress – code, туку воопшто за деловноста и професионалноста преку сопствениот изглед и однесувањето, барем на своето работно место. Поздрав.

Некако су изморена од премногу политика на блогосферава, па би сакала малку порелаксирачки пост. Посебно ја сакам психологијата, па одбрав нешто за позитивната и негативната енергија кај луѓето и како ние би требало да се справуваме со истите. Се надевам, и на вас ќе делува забавно и интересно за промена. Впрочем и моите два предходни поста се со ваков „тон“.

1. Осмислете свесен пристап кон храната, физичкото здравје и развивајте го спортскиот дух.

2. Насочете ја позитивната емоционална енергија за спротивставување на негативностите.

3. Развивајте ја „жарта“ во срцето. Приоѓајте секогаш со страст кон нештата.

4. Отворете се за проток кон креативноста и  инспирацијата. Зрачете со љубов, знаење и креативен дух.

5. Величете ги етичноста и духовноста во контактите. Побудувајте го смеењето. Секогаш давајте високо значење на етиката, духовните вредности и филозофијата на животот воопшто.

6. Привлекувајте позитивни личности и ситуации.

7. Заштитете се од „енергетски вампири“ а имате „соларен и лунарен вампир“. Научете да ги разликувате.

8. Создадете благосостојба на духот и телото – духовен баланс.

9. Негувајте го „детето“ во себе.

10. Бидете секогаш насмеани и кога не ви е до тоа, животот претворете си го во уметност.

Овие неколку техники сигурно ке ви го олеснат, облагородат и збогатат животот. Сигурно дека полесно ке ги применат оние, кои за ова имаат  вродени предиспозиции, но се, се учи. Сакаме во Европа??? Мораме вака. Со многу смиреност, умешност, баланс, позитивна енергија, фини навики итн, итн. Можеме и ние да приредиме „фина вожња“ нели? Поздрав до наредниот пост.

Зошто некои луѓе се поуспешни од другите?

Успехот не е случаен. Ако го правите тоа што го прават другите кои се успешни или кои тежнеат кон успех, и вие ќе ги постигнете истите резултати.

1. Никој не е подобар од вас и никој не е поумен од вас.

2. Сонувајте „големи“ соништа; само големите соништа имаат моќ да ве придвижат кон подобар живот. За што би сакал/а да сонувам, за да знам дека ке успеам.

3. Човек со јасна цел ќе напредува дури и на патот преполн со пречки, а човек кој е без цел, не стигнува далеку дури и сите патишта да му се отворени.

4. Вие станувате ТОА, за што размислувате цело време. Успешните луѓе мислат или размислуваат за своите цели во најголем дел од времето. Како резултат на тоа тие постојано напредуваат.

5. Сметајте дека сте „вработени“ кај себе. Прифатете во целост стопроцентна одговорност за сето она што сте и се, што некогаш ке бидете.

6. Работете го она што сакате да го работите.

7. Беспрекорната работа нека биде ваша обврска. Квалитетот на вашиот живот ќе го одредува тоа колку сте и посветени на беспрекорната работа, без оглед на тоа која област сте ја одбрале.

8. Работете долго и работете секогаш повеќе.

9. Посветете му се на доживотното учење. Читањето за умот е тоа што е вежбањето за телото.

10. Проучете го секој детал од вашата работа.

11. Посветете се на тоа секогаш да им помагате или да ги „услужите“ другите.

12. Бидете апсолутно чесни и кон себе и кон другите. Мислата е почетна точка на целото богатство, на сите успеси, на сета материјална благосостојба, на сите откритија и изуми. Тоа е највредната и најценетата особина што можете да ја развиете.

13. Одредете ги вашите најважни приоритети и концентрирајте се на нв со сето свое битие.

14. Создадете углед дека сте брзи и сигурни. Развијте го чувството за „итност“.

15. Бидете подготвени за качување „од врв на врв“. Патот кон победата не е нешто што понекогаш се случува, туку нешто што има траен карактер.

16. Вежбајте самодисциплина.

Разликата меѓу успешните и неуспешните е во тоа што, успешните имаат навика да ги работат оние работи кои неуспешните не сакаат да ги работат. А кои се тие работи? Работите кои неуспешните не сакаат да ги работат се истите оние кои и успешните исто така не сакаат да ги работат. Но успешните СЕКАКО ке ги направат, затоа што знаат дека тоа е ЦЕНАТА што мораат да ја платат за успехот што го посакуваат. Успешните луѓе се повеќе заинтересирани за пријатните резултати. Неуспешните – повеќе ги привлекуваат пријатните методи. Успешните се занимаваат со активности кои водат до целта. Неуспешните се занимаваат со активности за опуштање на НАПНАТОСТА. Успешните се за „тешки“, макотрпни, потребни и важни дејствија . Неуспешните – се за забавни и „лесни“ нешта кои нудат моментални задоволства.

Би завршила со една убава мисла од мојата ризница на афоризми.

„ Секој ден донеси по една кошница земја на едно место – и ќе изградиш планина“

( Конфучие)

Денес беше прекрасен ден. Го искористив за прошетка на Водно и посета на Милениумскиот крст, како и планинарскиот дом. Глетката беше величествена, а нашиот симбол на православието ги закрили сите негови посетители. Ги имаше многу и сите со почит, достоинствено го поминаа овој втор ден од празникот.

Слика018.jpg

Слика021.jpg

На сите православни им го честитам најголемиот христијански празник Велигден!